Дома Фудбал Англија Гвардиола: Ова не е нормално!

Гвардиола: Ова не е нормално!

Манчестер Сити оваа сезона игра неверојатно и титулата во Премиер лигата веројатно веќе им е озезбедена.

Сепак, Гвардиола смета дека невозможно е неговиот тим оваа сезона да ги освои сите трофеи, бидејќи ова што до овој момент тие го прават не е нормално.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Освојувањето на четири трофеи нема да се случи, бидејќи во фудбалот поразот и губењето на бодови е нормална ситуација, а не оваа каде што ние на 18 натпревари во лигата успеавме да победиме на 17 и да се квалификуваме во нокаут фазата од Лигата на шампионите пред последното коло, играме со многу млади фудбалери. Не размислувам за титулите, туку само за следниот натпревар“, изјави Гвардиола.

Следниот натпревар Манчестер Сити ќе го одигра овој викенд во Премиер лигата против тимот на Бурнемоут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…