Манчестер Сити ја забележа шестата победа во шест натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите.
Европскиот првак славеше на гостувањето кај Црвена звезда со 2:3. Пред натпреварот српските медиуми објавија дека Пеп Гвардиола имал понуда од Црвена Звезда пред 18 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, Драган Пикси Стојковиќ, тогашниот претседател на Звезда, сакал да донесе звучно име.
Гвардиола беше на залезот на играчката кариера, но не беше постигнат договор, напишаа Србите.
Сепак, менаџерот на Сити по победата на Маракана изјави: „Не се сеќавам дека сум имал понуда да дојдам овде да играм“.
Потоа го пофали 18-годишниот Рик Луис: “Има само 18 години. Има неверојатни способности, може да игра на повеќе позиции. Тој е одличен и во одбраната. Тој е навистина добар”.