Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Му се восхитувам на Реал, но ако го сакаме трофејот мораме да ги победиме најдобрите

Гвардиола: Му се восхитувам на Реал, но ако го сакаме трофејот мораме да ги победиме најдобрите

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола побара од своите играчи за покажат карактер пред утрешниот дуел со Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Гвардиола имаше само пофални зборови за Реал Мадрид, но напомена дека целта на неговиот тим е да го освои трофејот во Лигата на шампиони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Овој клуб ме воодушевил многу пати. Играчите кои играат за Реал многу пати биле во финалето на Лигата на шампионите, и не знам колку пати секој од нив го подигнал овој трофеј. Кај нас, можеби Клаудио Браво го освои овој турнир и уште некој друг. Нема многу играчи во Сити кои ја освоија ЛШ. Мора да бидеме на високо ниво против Реал Мадрид. Ова е вистински тест за нас“, изјави Гвардиола.

„Треба да покажеме карактер, нашата цел е да се бориме за трофејот. Реал Мадрид исто така има големи амбиции во овој турнир, но ако го сакаме трофејот мораме да ги победиме најдобрите“, заклучи Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…