Дома Трансфер зона Гвардиола го убедувал Меси да остане во Барселона!?

Гвардиола го убедувал Меси да остане во Барселона!?

Според пишувањата на медиумите во Шпанија менаџерот на Манчестер Сити пред некое престојувал во Барселона каде што разговарал со Лионел Меси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пеп и неговиот Сити се сметаат за главни кандидати за доведување на Меси откако Аргентинецот после 20 години одлучи да ја напушти Барселона.

Поради тоа многумина беа убедени дека Пеп во Барселона разговарал со Меси да дојде кај него во Манчестер.

Меѓутоа сега се објавени нови детали од наводната нивна средба кои звучат изненадувачки. Според најновите информации на медиумите Гвардиола побарал од Меси да остане во Барселона.

Сепак, тешко е да се поверува во вакво нешто. Како и да е останува да видиме што наредниот период ќе донесе. Меси стави до знаење дека сака да замине со тоа што не се појавува на тренинзите на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…