Aлехандро Гарначо ги воодушеви фудбалските фанови со голот кој го постигна за Манчестер Јунајтед против Евертон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот Аргентинец во стилот на Вејн Руни, но и неговиот идол Кристијано Роналдо постигна гол со кој сигурно ќе конкурира за најдобар во сезоната.
Сега Гарначо направи и уште еден фантастичен потег, овојпат надвор од теренот. На Твитер се појави видео на кое се гледа како Гарначо го запира својот автомобил за да поздрави млад навивач со кој и се впушти во разговор.
На изненадување на детенцето Аргентинецот му ги подари копачките со кој го постигна споменатиот гол. Тој ги потпиша, а детето на крајот заврши и во солзи од среќа.
Alejandro Garnacho, what a guy!❤️😍 pic.twitter.com/x1dhhe3HTT
— 𝗧𝗲𝗻 𝗛𝗮𝗴’𝘀 𝗥𝗲𝗱𝘀 ✍🏼🇳🇱 (@TenHagBall_) November 27, 2023