Веселин Вујовиќ пред нашиот натпревар против Хрватска истакна дека нашиот селектор Раул Гонзалес го смета за подобар тактичар од Лино Червар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој свој став Вујовиќ го изнесе како за „Индекс“ и тоа на Хрватите сигурно не им се допадна. Ние изгубивме од Хрватска која пак вчера ја победи и Шпанија, но за Вујо, Раул се уште е подобар од Червар.
„Пред натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска за „Индекс“ изјавив дека Раул е подобар тактичар од Червар. Хрватска ја надигра и ја победи Македонија, но јас моето мислење не го променив и тоа не можам да го направам поради само еден натпревар. Лино е голем тренер, освои многу титули и не мора да се докажува, ниту на мене, ниту на било кој друг. Некој медиум можеби не ги пренел добро моите зборови. Јас во никој случај не кажав дека Лино е лош тактичар, не можам да го направам тоа затоа што не е вистина. За мене Раул е тренер со повеќе опции и лесно може да го промени системот“, изјави Вујовиќ.
Хрватска и Червар се во одлична позиција за пласман во полуфинале со оглед на тоа што во втората фаза пренесуваат четири бодови.