Дома Останати Ракомет Вујо и друштвото одиграа за Македонија: „Фуријата“ падна пред Словенците!

Вујо и друштвото одиграа за Македонија: „Фуријата“ падна пред Словенците!

Репрезентацијата на Словенија во натпреварот кој се одигра во терминот од 18:15 на Европско првенство во Хрватска ја совлада Шпанија со резултат 31:26.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Словенците одиграа одличен натпревар против „црвената фурија“, а за нас е важно што оваа нивна победа и тоа како ни одговараше во борбата со Шпанија за втората позиција.

Избраниците на Веселин Вујовиќ уште од самиот старт тргнаа одлично и направија предност од три гола разлика со 5:2: До крајот на првиот дел Шпанија успеа да ја намали разликата и да стигне на негатива од еден гол 13:12.

Во вториот дел Словенците продолжија со одличната игра, а во еден момент имаа и седум гола предност 25:18. До крајот Шпанците успеаа само да ја намалат негативата за конечни 31:26.

Најефикасни во редовите на Словенија беа Маргуч, Мачковсек и Благотиншек со четири постигнати погодоци, додека кај Шпанците шест погодоци постигна Соле.

После овој пораз на Шпанците остануваат на втората позиција со четири бода, колку што имаат и Германците, но ние имаме натпревар помалку и доколку славиме во денешниот натпревар против Чешка ќе се искачиме на втората позиција која води во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар со нови термини во Лигата на шампионите: Променет распоредот за два европски дуели

Навивачите на Вардар ќе мора да направат корекција во своите планови, откако беа направени…