Вулверхемптон е спремен да испрати понуда за голгетерот на Штутгарт и австриски репрезентативец, Саша Калајџиќ.




Калајџиќ има 24 години, есенскиот дел сезонава го пропушти поради повреда на рамото, а во вториот дел од сезоната на 15 натпревари постигна шест гола.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Австрискиот репрезентативец го привлече вниманието на многу клубови, беше голема желба на Манчестер Јунајтед, но сега Вулвс сака да ја победи конкуренцијата.




Штутгарт веќе одби понуда од 15 милиони фунти и за слободата на напаѓачот бара 25 милиони.




Вулверхемптон е спремен да испрати понуда приближна до таа сума и верува дека ќе го комплетира трансферот во наредните денови.