Дома Кошарка Воопшто не изгледа добро: Расел Вестбрук заработи незгодна повреда (ВИДЕО)

Воопшто не изгледа добро: Расел Вестбрук заработи незгодна повреда (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на Оклахома, Раел Вестбрук се повреди во натпреварот против Њу Орлеанс изминатата вечер.

Кон средината на третата четвртина, Вестбрук незгодно доскокна на паркетот, повредувајќи го зглобот на левата нога, па мораше веднаш да го заврши натпреварот.

Засега не е познат карактерот на повредата на Вестбрук, но судејќи според снимката не изгледа добро.

До моментите додека беше на паркетот Вестбрук беше на чекор од трипл-дабл со учинок од 17 поени, седум скокови и девет асистенции за 25 минути поминати на паркетот.

Оклахома на крајот славеше против Њу Орлеанс со 122:116.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вилдоза: Полесно ми беше да заминам во Олимпијакос отколку да го облечам дресот на Партизан

Аргентинскиот бек објасни зошто доаѓањето во Партизан му било необично по настапите за Црв…