Дома Фудбал Англија Волкот по враќањето дома: Ќе заплачам на првиот натпревар!

Волкот по враќањето дома: Ќе заплачам на првиот натпревар!

Саутемптон своето најскапо засилување ова лето го донесе во последниот ден од преодниот рок. Тео Волкот се врати дома!

Интересно е што Волтон своите први фудбалски чекори ги направи токму во овој клуб, а сега после 16 години се враќа дома.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Крилниот играч не го криеше своето задоволство и првите негови зборови после враќањето беа „Ќе заплачам од среќа кога ќе го одиграм првиот натпревар“. Доколку ги задоволи челниците на Светците ќе му понудат нов договор, во спротивно ќе биде вратен во Евертон.

Интересно е што Евертон и Саутемптон ќе ја делат неговата плата од Гудисон Парк која изнесува 11.000 евра.

Овој 28-годишен играч во дресот на Арсенал одигра 397 натпревари и постигна 108 погодоци, додека за репрезентацијата на Агнлија запиша 47 настапи. Дресот на Евертон го носеше на 77 натпревари и постигна осум погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Славјето во Неапол донесе и огромен хаос: 98 повредени, 10 грабежи, искршени автомобили…

Наполи синоќа го освои Скудетото и стана шампион на Италија, предизвикувајќи еуфорија на у…