Дома Трансфер зона Во чест на најдобриот пријател: Познато кој број ќе го носи Ван Де Бек во Јунајтед

Во чест на најдобриот пријател: Познато кој број ќе го носи Ван Де Бек во Јунајтед

Дони Ван Де Бек набрзо и официјално ќе стане нов играч на Манчестер Јунајтед.

Ван Де Бек одлучи во овој преоден рок да го напушти Ајакс и да се приклучи на Манчестер Јунајтед, во славниот англиски клуб тој ќе го носи дресот со број 34. За овој број Ван Де Бек се одлучи во чест на неговиот близок пријател Апи Ноури.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претходно Ноури го носеше дресот со број 34 во Ајакс, но во 2017 година доживеа напад на срцева аритмија во текот на пријателскиот натпревар против Вердер. Подоцна беше потврдено дека Ноури кој дресот на Ајакс го носеше од раното дтство претрпел трајно оштетување на мозокот и скоро три години поминал во кома.

Мораше да ја заврши кариерата, но едвај остана жив и денес тешко комуницира и не може да се движи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…