Дома Македонски спорт Во Струга ќе се одржи ракометен турнир во чест на Тоше

Во Струга ќе се одржи ракометен турнир во чест на Тоше

Соработката во чест на Тоше Проески ќе продолжи и оваа година.

Пред 10 години на покана на ракометниот клуб од Нова Градишка каде што македонската музичка икона го загуби животот се одигра пријателски натпревар на ветерани од македонската репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турнирот ќе започне на 07.10.2022 година и ќе трае до 08.10.2022 година во Струга. На турнирот ќе учествуваат екипи од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Во првите две години македонската репрезентација гостуваше  во Хрватска за потоа да се организира турнир во чест на Тоше. Оваа година во која изминуваат 15 години од неговата cмрт ќе се одржи петтиот меморијален турнир кој ќе се одигра во Струга.

Најавено е учество на македонски и екипи од регионот, а екипата на Нова Градишка која ја започна оваа традиција нема да учествува, тие ќе пристигнат една недела подоцна кога се очекува да се одигра пријателски ревијален натпревар меѓу екипите кои ја започнаа традицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Изгледаше дека се е завршено, а сега Рагник го шокираше Баерн

Иако се најавуваше дека преговорите одат во добра насока, сепак, Рафл Рагник нема да биде …