Дома Трансфер зона Во Премиер лигата може да падне нов трансфер рекорд

Во Премиер лигата може да падне нов трансфер рекорд

Евертон е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Ватфорд, Ричарлисон, па дури е спремен да го собори клупскиот рекорд и да плати 50 милиони фунти за Бразилецот, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


До сега „карамелите“ најмногу потрошиле за еден трансфер 45 милиони финти и тоа минатото лето за Гилфи Сигурдсон.

Ричарлисон има само 21 година и една сезона во Премиер лигата, но минатата сезона одигра фантастично и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Менаџерот на Евертон Маркос Силва добро го познава Бразилецот и сака да го донесе по секоја цена во својот тим, а „карамелите“ се спремни да го срушат трансфер рекордот за да му ја исполнат желбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…