Дома Останати Кошарка Во кошаркарското „Ел Класико“ играч на Реал постигна кош од 25 метри! (ВИДЕО)

Во кошаркарското „Ел Класико“ играч на Реал постигна кош од 25 метри! (ВИДЕО)

kos

Реал Мадрид вчера ја декласираше Барселона со резултат 92:65 во кошаркарското „Ел Класико“ во рамките од Евролигата.

Натпреварот беше обележан со еден детал од крајот на првото полувреме, а во главна улога беше Факундо Кампазо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона имаше последен напад во првото полувреме, но не успеа да поентира, па топката дојде во рацете на Капазо на кого не му преостана ништо освен да шутира преку целиот терен.

Тоа се случи, а кога топката помина низ обрачот следуваше големо славје на домашните кошаркари.

Прецизно е пресметано дека Капазо постигна кош од 25 метри, што навистина ретко се гледа во кошарката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…