Дома Трансфер зона Во Англија сигурни: Хамес се договори со…

Во Англија сигурни: Хамес се договори со…

Британскиот весник „Сан“ пишува дека ѕвездата на Реал Мадрид, Хамес Родригез постигнал комплетен договор со Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на весникот, Хамес и „црвените ѓаволи“ постигнале комплетен договор, па сега останува уште двата клуба да се договорат за трансферната сума.

Хамес не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид и сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а негов приоритет беше преселба во Премиер лигата.

Хамес премина на „Сантијаго Бернабеу“ во текот на летото на 2014 година по Мундијалот во Бразил. За него „белите“ дадоа 80 милиони евра, а моменталната вредност на Колумбиецот е околу 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…