Дома Топ вести Влатко Стојановски има нов клуб, кариерата ја продолжува во Хрватска

Влатко Стојановски има нов клуб, кариерата ја продолжува во Хрватска

Македонскиот фудбалски репрезентаитвец Влатко Стојановски е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш Горица,

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стојановски во Горица пристигнува како слободен играч и потпиша договор до 2024. година.

„Се чувствувам одлично, мило ми е што дојдов во добро организиран клуб, кој секоја година напредува се повеќе и има големи амбиции. Ми се допаѓа хрватската лига, ја следев досега и мислам дека за мене е добар предизвик“, рече Стојановски по потпишувањето.

Да потсетиме, екипата на француски Ним беше последниот клуб на Стојановски, а претходно играше и во Хрватска за екипите на Сплит и Дугопоље.

Стојановски пред да замине во Франција настапуваше за Ренова кога беше и најдобар стрелец во лигата.

Репрезентативниот напаѓач во новиот клуб ќе го носи дресот со број 70.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Зиркзе даде еврогол, си поигра со цела одбрана како со мали деца! (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ги започнаа летните подготовки за новата сезона со убедл…