Дома Трансфер зона Вилијан: Оскар веќе се поздрави со нас, заминува во Кина!

Вилијан: Оскар веќе се поздрави со нас, заминува во Кина!

Играчот на Челзи и бразилски репрезентативец, Оскар оваа зима ќе го направи еден од најголемите трансфери и ќе се пресели во Кина каде ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот.

Иако трансферт не е официјално потврден, јасно е дека Оскар ќе го напушти Лондон, а тоа го потврди и неговиот соиграч Вилијан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Оскар веќе се поздрави со нас. Жал ми е што ќе си замине затоа што тој е одличен дечко и фудбалер. Му посакувам се најдобро“, изјави Вилијан.

„Фудбалската кариера некогаш може да биде пократка од тоа што мислите. Таква понуда пристигнува само еднаш во животот и го разбирам, затоа што никогаш не знаете што ве чека утре. Тој само мислеше на своето семејство“, заклучи Бразилецот.

Се шпекулира дека Челси од продажбата на Оскар ќе заработи околу 60 милиони евра, а Оскар ќе стане еден од најплатените фудбалери на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дали засилувањето на Ливерпул од 85 милиони евра најави заминување со последниот потег?

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е честа мета на критики во јавноста поради големиот бр…