Дома Фудбал Италија Виери за заминувањето на Малдини од Милан: Кардинале е луд!

Виери за заминувањето на Малдини од Милан: Кардинале е луд!

Паоло Малдини си заминува од Милан, оваа вест вчера вечер непријатно ги изненади навивачите на Милан, а дека има незадоволство помеѓу фудбалерите зборува и реакцијата на Рафаел Леао (ТУКА). Дека одлуката на газдата Кардинале да се раздели со Малдини е погрешна смета и легендарниот Бобо Виери.

Според информациите од Италија, Кардинале и Малдини имале различни гледишта на иднината за Милан. Малдини барал зголемување на ставката за плати за да се привлечат поквалитетни засилувања кои се слободни агенти и бараа поголем примања.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Исто така барал промена на политиката на штедење за Милан да биде конкурентен на најголемата европска сцена.

„Ако Малдини си заминува, тоа е затоа што клубот не сака да вложи ниту евро повеќе. Секако дека Кардинале е луд ако дозволи тоа да се случи, но во фудбалот секојдневно гледаме луди луѓе. Не сум изненаден од ништо, ова е фудбал и некогаш зборовите тука не вредат ништо“, изјави Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…