Дома Фудбал Видео: Супер-голот на Меси од слободен удар не беше доволен – Барселона ремизираше, Атлетико на -5!

Видео: Супер-голот на Меси од слободен удар не беше доволен – Барселона ремизираше, Атлетико на -5!

Својот натпревар од 26 коло во шпанската Примера го одиграа екипите на Лас Палмас и Барселона.

Барселона секако беше фаворит пред натпреварот, но Лас Палмас сепак успеа да издржи и да се извлече со 1:1.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Каталонците до предност стигнаа во 21 минута. Лионел Меси како и во натпреварот против Џирона и овој пат успеа да погоди од слобен удар, овој пат тоа го направи со силен удар на страната голманот, за разлика од минатото коло кога погоди со топка под живиот ѕид.

Ова беше и единствениот погодок во првиот дел.

Во вториот дел иако тимот на Валверде ја имаште топката во свој посед сепак не успеваа да стигнат до посериозна шанса. Какво полувреме одигра Барса говори податокот што фаворитот во вторите 45 минути упати само еден удар во рамките од голот на домаќинот и тоа во финишот од натпреварот.

Лас Палмас до изедначување стигна со голот од пенал на Калери во 48 минута.

По ова реми, Атлетик Мадрид после 26 коло ќе се доближи до Барселона на -5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Враќањето на Нејмар во Сантос од романтика се претвори во катастрофа

Бразилскиот фудбалер Нејмар може да го напушти Сантос по само пет месеци, клубот каде што …