Дома Фудбал ВИДЕО Српскиот голман со трик го однесе Челзи во полуфинале

ВИДЕО Српскиот голман со трик го однесе Челзи во полуфинале

Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ ја доби можноста на кариерата, а тој на вистински начин ја искорисити и се најде на насловните страници ширум светот.

Српскиот голман го предводеше Челзи до полуфиналето на Лига купот откако успеа да го победи Њукасл по изведувањето пенали со 5:4 (1:1).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во четвртото изведување пенали успеа да го измами Мет Ричи. Со рака покажа на едната страна, а потоа реши да ја покрие другата страна.

Ричи тој пенал го изведе силно, но не доволно прецизно, па Петровиќ можеше да слави.

„Многу тежок натпревар, кога ќе примите таков гол… Но, ние верувавме во себе, во нашиот дел од работата, игравме до последен момент, бевме трпеливи, морам да му се заблагодарам на целиот тим. – изјави Петровиќ по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Награда за неверојатен успех: Наполи го обезбедува најдобриот играч

Иако многумина беа скептични, Скот Мектоминеј и Наполи се вистински добитнички во фудбалск…