Дома Фудбал Останато Видео: Селекторот на Португалија немаше одговор па се насмеа на прашањето за Роналдо

Видео: Селекторот на Португалија немаше одговор па се насмеа на прашањето за Роналдо

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија не можеше да поверува какво прашање доби на последната прес конференција.

Конференцијата за медиуми беше одржана по повод пријателскиот натпревар против Египет, а Сантос не го очекуваше прашањето кое му беше поставено.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ќе направи ли Роналдо трансфер во Кина?“, гласеше прашањето од новинарот.

„Дајте, ве молам….“изјави Сантос низ смеаа па продолжи: „Овде сме да зборуваме за натпреварот против Египет, а не за тоа дали Роналдо ќе игра во Кина“.

Португалскиот селектор потоа порача дека Роналдо е најдобар играч во светот и дека на неговата селекција многу и значи што го има во тимот.

Натпреварот помеѓу Португалија и Египет се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…