Дома Фудбал Англија Видео: Руни се врати на Олд Трафорд, Мурињо му извади „покер“

Видео: Руни се врати на Олд Трафорд, Мурињо му извади „покер“

Манчестер Јунајтед стигна до четвртата победа во Премиер лигата, откако на „Олд Трафорд“ го прегази Евертон со 4:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ одлично го започнаа мечот и уште во 4-та минута Валенсија со прекрасен гол го отвори резултатот. До крајот на полувремето гледавме израмнет фудбал со спорадични шанси на двете страни.

Во второто полувреме Јунајтед ја контролираше играта, но најголемата шанса ја имаше Вејн Руни, кој не успеа да го совлада Де Геа.

Отпорот на „карамелите“ попушти во 84-та минута кога Михтарјан зголеми на 2:0, а потоа тимот на Куман целосно се распадна.

Неколку минути подоцна погоди Лукаку за 3:0, а конечниот резултат го постави Марсијал од белата точка во 90-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алонсо пред второ засилување за Челси откако ѕвездата од 35 милиони фунти го одобри трансферот

Чаби Алонсо е на чекор да го осигура второто засилување за Челси откако го одобри потегот …