Ливерпул синоќа направи уште еден кикс во Премиер лигата, бидејќи на свој терен одигра 0:0 против ВБА.
Црвените во поголемиот дел од натпреварот не личеа на екипата која минатата недела постигна седум голови против Спартак Москва, но по натпреварот започна дебата дали на Ливерпул им беше поништен регуларен гол.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во самиот финиш од натпреварот, Соланке успеа да го совлада Фостер, но судијата му го поништи голот поради наводно играње со рака.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по натреварот беше запрашан за коментар на спорната ситуација, но не сакаше да каже што беше конкретно.
„Не знам. Ситуацијата е тешка да се процени, но искрено, изгледа дека Соланке не играше со рака. Не сум сигурен дали би бил досуден пенал ова да се случеше на некој стопер во неговиот шеснаестерец“, изјави Клоп.
Hand ball? #Solanke #LFC #LiverpoolFC #WBA pic.twitter.com/XchQ6Me5c5
— Dave Wood (@liverpoolimages) December 13, 2017