Tимот на Јувентус вчера се прости со настапот во Лигата на шампионите оваа сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Старата дама“ беше поразена од Порто после продолженија со 3:2, но Португалците поради гол повеќе на гостински терен се пласираа помеѓу најдобрите осум.
Во овој дуел одбраната на Порто целосно го затвори Кристиано Роналдо. Роналдо освен краткото додавање до Киеза за првиот гол скоро и да не направи ништо друго. Дефинитивно не беше на нивото на кое навивачите очекуваат, посебно во вакви натпревари кога е најпотребен, токму тогаш во минатите години знаел најсилно да блесне.
На социјалните мрежи се појави и едно видео со се што правеше во овој дуел и во него најдобро може да се види колку лош натпревар одигра.
Cristiano Ronaldo vs. Porto
— CF Comps (@CF_Comps) March 9, 2021
pic.twitter.com/tHmZnZdpWg