Дома Останати Видео: Енди Мари не можеше да ги задржи солзите после освоената титула!

Видео: Енди Мари не можеше да ги задржи солзите после освоената титула!

Енди Мари ја освои титулата во Антверпен, откако во финалето го победи Станислав Вавринка со 2-1, па не успеа да ги задржи солзите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова беше прва титула за Мари откако во јануари оваа година имаше операција на колкот.

„Мене многу ми значи овој трофеј. Во последниве години беше многу тешко. Стен и јас имавме многу повреди подолг период. Многу е убаво повторно да се сретнеме во финале. Тоа беше извонреден меч. Не го очекував ова, затоа сум многу, многу среќен“, изјави Мари.

Поради хронична повреда на колкот, Британецот планираше да ја прекине кариерата.

Не помислив дека ќе го освојам турнирот и ќе победувам тенисери како Вавринка и Беретини. Ова е изненадување и за мене и за мојот тим. Навистина не очекував дека толку брзо ќе освојам трофеј“, додаде Мари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…