Манчестер Сити запиша нови три бода со победа на гостувањето кај Борнмут во рамките на 3-то коло од Премиер лигата.
„Граѓаните“ стигнаа до триумф благодарение на головите на Агуеро кој стрелаше два пати и Стерлинг. Аргентинецот го отвори резултатот, а потоа на 2:0 зголеми Англичанецот.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Пред крајот на првото полувреме домаќините ја вратија надежта со прекрасниот гол на Вилсон од слободен удар.
Во второто полувреме „граѓаните“ повторно ја имаа иницијативата, домаќините спорадично се закануваа, а конечните 3:1 ги постави Агуеро во 64-та минута.