Дома Ракомет Вецлар на Миркуловски го претстави Кушан: Ќе играм во најсилната лига во светот

Вецлар на Миркуловски го претстави Кушан: Ќе играм во најсилната лига во светот

Како и што вчера беше потврдено, денес Томислав Кушан го комплетираше трансферот во Вецлар.

Трансферот вчера го потврди Еурофарм Пелистер, а денес тој беше претставен во Вецлар каде што ќе биде замена за Патрик Гемп кој се здоби со повреди, ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

Со Вецлар Кушан потпиша договор до сезоната 2022/2023.

„Среќен сум што доаѓам во Вецлар. Убаво е чувството затоа што знам дека ќе играм во најсилната лига во светот и сакам побрзо да се стекнам со позиција во Германија за да му помогнам на клубот“, истакна Кушан на претставувањето.

Ќе потсетиме во Вецлар е искусниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Гидсел брои до 65, Вардар има голман во топ 10 во Лигата на шампионите

Матијас Гидсел има 17 гола предност на врвот на листата на стрелци, додека Милош Валах од …