Дома Останати Тенис Венус Вилијамс лесно до полуфиналето на Вимблодон

Венус Вилијамс лесно до полуфиналето на Вимблодон

Искусната американска тенисерка Венус Вилијамс се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа 37 годишна тенисера полесно од очекуваното денес ја совлада Јелена Остапенко со 2:0 во сетови. Вилијамс првиот сет го доби за само половина час игра со резултат 6:3.

Во вториот сет Остапенко заигра многу подобро и на моменти изгледаше дека ќе изедначи на 1:1. Меѓутоа, при резултат 5:5 американската тенисерка направи брејк, кој на крајот се покажа како решавачки.

Венус е позната по својот одличен сервис кој не ја изневери во последниот гејм. Таа сервираше сигурно и не и даде прилика на противничката да ја загрози, па го доби сетот со 7:5 и стигна до победа. Во полуфиналето Венус ќе игра против подобрата од дуелот помеѓу Халеп и Конта.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа одлично тргна и ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот во квалификациите за Вимб…