Дома Трансфер зона Венгер потврди: Озил и Санчез може да заминат во јануари!

Венгер потврди: Озил и Санчез може да заминат во јануари!

Иднината на двете ѕвезди на Арсенал, Алексис Санчез и Месут Озил е главна тема во англиските и европските медиуми.

Договорите на двајцата фудбалери истекуваат на крајот на сезоната, а преговорите за продолжување на истите се блокирани.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Венгер се противеше на нивното заминување, иако во летниот преоден рок доби многу понуди, но во јануари двајцата се слободни да преговараат со други клубови и да потпишат преддоговор.

Поради тоа Арсенал ќе се обиде да заработи нешто на нивното заминување, па Венгер денес потврди дека Озил и Санчез можат да бидат продадени во јануари.

„Не можам да исклучам дека двајцата можат да го напуштат клубот уште во јануари. Се уште ништо не е јасно со нивните ситуации и се надевам дека ова прашање набрзо ќе биде затворено“, изјави Венгер.

Најсилен интерес за двајвата фудбалери покажуваат клубовите од Манчестер – „граѓаните“ се заинтересирани за Санчез, додека „црвените ѓаволи“ за Месут Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…