Дома Фудбал Англија Венгер за Арсенал: Не сум песимист, тимот има потенцијал

Венгер за Арсенал: Не сум песимист, тимот има потенцијал

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер верува дека тимот ќе се „разбуди“ и дека ќе игра многу подобро оваа сезона.

Арсенал го имаше најлошиот старт оваа сезона и во првите три кола не освои ниту еден бод, но минатото коло ја запиша првата победа.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Венгер е оптимист и верува во потенцијалот на тимот со кој располага Микел Артета.

„Јас сум навивач на Арсенал и чуствително е кога зборувам за клубот. Најдобро е да не зборувам. Имавме два тешки меча на стартот, но не сум песимист. Мислам дека момците што поскоро ќе почнат да играат подобро бидејќи имаат потенцијал“, изјави Венгер.

Арсенал после четири одиграни кола се наоѓа на 16-то место во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ериксен сруши рекорд во репрезентацијата на Данска

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен во натпреварот против Србија испиша рекорд ста…