Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ван Гал смета дека Меси има една слабост и ќе се обиде ја искористи во петок

Ван Гал смета дека Меси има една слабост и ќе се обиде ја искористи во петок

Холандија ќе се соочи со Аргентина во четвртфинале на Светското првенство (СП), а селекторот на „лалињата“, Луј Ван Гал е самоуверен пред средбата.

Ван Гал се надева дека ќе се одмазди за поразот во Бразил од пред осум години, а притоа кажа дека има план како да го запре Лионел Меси.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Меси е најопасен фудбалер кој знае на фантастичен начин да постигне гол и да создаде шанси за своите соиграчи. Кога Аргентина ќе ја изгуби топката, не помага во одбрана и ние тука ја гледаме шансата.

Новинарите го запрашаа и што ќе направи за да го запре, но холандскиот селектор не сакаше да открие.

Ќе видите во петок како ќе го запреме“, кажа Ван Гал.

Дуелот меѓу Холандија и Аргентина се игра од 20 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…