Дома Фудбал Останато Валенсија шокирана од признанието на Гасперини: Со несовесното однесување загрози голем број луѓе!

Валенсија шокирана од признанието на Гасперини: Со несовесното однесување загрози голем број луѓе!

Клубот од „Местаља“ реагираше со соопштение.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Големо внимание во јавноста во Италија и Шпанија, но и пошироката Европа предизвика изјавата на тренерот на Аталанта, Џампиеро Гасперини кој призна дека на 10. март (тука) ја водел екипата против Валенсија заразен со коронавирус.

Тоа беше реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а Гасперини неодамна доби потврди дека на „нозе“ поминал низ коронавирусот. Тој беше тестиран на антитела и тестот покажа дека претходно бил заразен.

Ова негово признание ги шокира луѓето од Валенсија, пред се бидејќи Гасперини чувствувал одредени симптоми и се сомневал дека е заразен, но сепак допатува во Шпанија и ја водеше екипата екипата во споменатиот натпревар.

Од Валенсија порачаа дека Гасперини си своето несовесно однесување донел во ризик голем број луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пропуштениот пенал не му пречеше на Мбапе да ја однесе Франција до полуфиналето

Франција повторно е на полуфинале на светското првенство трет пат по ред. Како ПАМЕТНО да …