Дома Фудбал Италија Гасперини имал коронавирус пред мечот со Валенсија: Поминував низ хорор

Гасперини имал коронавирус пред мечот со Валенсија: Поминував низ хорор

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини призна дека имал коронавирус пред мечот меѓу Аталанта и Валенсија.

Бергамо беше еден од епицентрите на пандемијата во Италија, а многу експерти го означија дуелот меѓу Валенсија и Аталанта како „биолошка бомба“, која се рашири во северниот дел од Италија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гасперини јавно проговори за деновите кога бил заразен со Ковид-19 и за хоророт кој го преживеал пред и за време на дуел со Валенсија во ЛШ одигран на „Местаља“ на 10 март зад затворени врати.

„Бев исплашен, еден ден пред натпреварот бев болен, попладнето состојбата ми се влоши. „Доколку ги погледнете сликите ќе видите дека не изгледав добро на клупата. Тоа беше на 10 март. Двете ноќи после тоа не можев да спијам. Немав температура, но имав треска, на секој две минути слушав како поминуваат амбулантни возила, како да бевме во војна. Се прашував што ми се случува, што моќам да направам“, објаснува Гасперини.

„Саботата на 14 март го одржав најтешкиот тренинг последниве години. Еден час трчав на трака, потоа 10 километри надвор. Се чувствував силно, одлично. Кога следниот ден добивме на подарок Дом Перињон од 2008 и јас го пробав, реков: „Ова е вода…“ Го изгубив чувството за вкус. Останав во тренинг центарот три недели. Кога се вратив дома во Торино, ја почитував социјалната дистанца со сопругата и децата. Никогаш не направив тест, но кога пред 10 дена сите бевме тестирани во клубот, беше потврдено дека сум бил заразен со Ковид 19, имам антитела“, откри искусниот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси нема дилеми која е новата ѕвезда на Барселона: Тој е сегашност и иднина!

Лионел Меси веќе години е далеку од Барселона, но засекогаш ќе биде поврзуван со овој клуб…