Дома Тенис Вакво нешто до сега не е видено: Тенисер удри судија со рекет среде меч! (ВИДЕО)

Вакво нешто до сега не е видено: Тенисер удри судија со рекет среде меч! (ВИДЕО)

Неверојатен инцидент се случи во мечот од второто коло од АТП челинџ-турнирот во Америка, кога тенисерот Мајкл Мокс со рекет го удри линискиот судија и го повреди.

Мокс губеше со 3-6 и 1-4 од Барбадос Даријан Кинг, а по излегувањето на мрежа Мокс згреши, па тоа го налути, по што рекетот со сета сила го фрли кон несреќниот судија.

Линискиот судија од силината на ударот падна на теренот, по што мораше да му биде дадена медицинска помош.

Мокс, секако, беше автоматски дисквалификуван од турнирот, а најверојатно ќе добие и долга суспензија од АТП турнејата поради неговиот непромислен потег на турнирот, за кој сигурно жали во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…