Дома Останати Ракомет Ваква ситуација досега не сме виделе: Две екипи тврдат за ист играч дека е нивни!

Ваква ситуација досега не сме виделе: Две екипи тврдат за ист играч дека е нивни!

Повремениот репрезентативец на Хрватска, Иван Сршен е причина за голем конфликт помеѓу ППД Загреб и Нексе.

Сршен формално е играч на Нексе, но во овој момент е на позајмица во Загреб каде што игра одлично.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На последниот натпревар против Скјерн постигна девет голови и беше сместен помеѓу најдобрите седум ракометари на колото во Лигата на шампионите.

Проблемот настана во тоа што Сршен како играч на Нексе замина во Пик Сегед на позајмица, а потоа во Загреб. Челниците на Нексе сфатија дека можат да изгубат одличен играч и се обидуваат што побрзо да го вратат.

Иако била договорена едногодишна позајмица од Нексе го сакаат назад пред истекот на договорениот рок. Во овој момент се први во СЕХА лигата, а им оди навистина добро во Европа. Сршен би им дошол навистина добро.

Сега бидејќи клубовите не можат да се договрат ќе се чека одлуката на ХРС кој ќе донесе одлука во рок од осум дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар се засили со Јапонец и Аргентинец!

Пред почетокот на новата сезона РК Вардар го зголеми својот играчки ростер со уште две инт…