Дома Топ вести Буфон пред сензационално враќање во Јувентус!

Буфон пред сензационално враќање во Јувентус!

Вчера вечер „Скај Спорт“ објави сензационална вест – Џанлуиџи Буфон се враќа во Јувентус!

И не тоа нема да биде на некоја директорска функција, туку за да биде најверојатно втор голман.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Голманот кој има 41 година ќе брани и наредната сезона, многу клубови се поврзуваа со неговото име, а сега изненадувачки од никаде во прв план искочи клубот каде што ја помина скоро целата своја кариера.

Реномираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио објави дека Буфон е одлучен во намерата да се врати на голот на Јувентус во наредната сезона. Според неговите информации Буфон нема да биде прв голман, туку резерва на Војчех Шчесни, додека Перин кој сега е втор голман би можел да си замине.

Планот на Јувентус е после едногодишниот договор на Буфон да му понуди некоја директорска функција во клубот.

Буфон во Јувентус помина 17 години и бранеше на дури 656 натпревари во сите натпреварувања. Покрај Јувентус неговото име претходно се поврзуваше со Аталанта, Бреша, Лидс и Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…