Легендарниот голман и капитен на Јувентус, Џиџи Буфон категорично ги негираше шпеклациите дека дошло до конфликт во соблекувалната после мечот со Наполи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Некои од италијанските медиуми утрово објавија дека имаше вербална расправија помеѓу Буфон и Бенатиа после поразот од Наполи.
„Тоа се само измислици кои имаат за цел да го дестабилизираат Јувентус. Долги години сум во Јувентус и никогаш не сум дозволил да се покаже со прст на некој и да се обвинува за поразот. Сакам да потенцирам дека Бенатиа е исклучително воспитано момче, кој ја штити каузата на овој клуб“, истакна Буфон.
„Скудетото? Загубивме 5 бода во последните два меча, но и покрај тоа сме на врвот на табелата. Треба да се обидеме да ја зачуваме предноста до крајот на сезоната. Мечот со Интер е решавачки за нас“, заклучи Буфон.
"Everyone united." ? @gianluigibuffon talks to @jtv212 ➡️ https://t.co/enJPFklPpR pic.twitter.com/YAI1rnSzSD
— JuventusFC (@juventusfcen) April 24, 2018