Легендарниот Буфон изјави дека не може да го советува својот млад „наследник“ Џиџо Донарума бидејќи никогаш не бил во слична ситуација.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сепак Буфон ја искористи шансата да го повика во Јувентус и истакна дека доколку избере да се пресели во Јуве нема да направи грешка.
„Јувентус никогаш не е погрешна опција. Поради тоа, доколку Донарума дојде во Јуве неа да направи грешка. Не можам да му давам совет бидејќи не ја знам неговата ситуација и емотивната врска со Милан. Јас можам да му кажам неколку работи, но тоа што е пресудно е внатре во неговото срце“, изјави Буфон.
Буфон уште еднаш потврди дека оваа сезона најверојатно ќе биде неговата последна и дека ќе стави крај на кариерата.
„Никој не сака да ја заврши кариерата. Но, многу сум среќен што стигнав до фаза во животот каде внатрешната хармонија ми е најважна. Единствена шанса да играм и следната сезона е доколку ја освоиме Лигата на шампиони“, заклучи Џиџи.