Уште еден клуб покажал интерес за легендарниот Италијанец.
Џанлуиџи Буфон и официјално ја заврши својата авантура во Пари Сен Жермен каде што помина само една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во ПСЖ Буфон го освои француското првенство, но во Лигата на шампионите ПСЖ доживеа елиминација од Манчестер Јунајтед, а токму Буфон беше означен како еден од главните виновници.
Претходните денови се пишуваше дека интерес за Буфон покажуваат повеќе клубови од Серија А (Парма, Бреша, Џенова, Рома…), дури неговото го поврзуваа и со Барселона каде што би бил втор голман.
Денес португалски „О Жого“ најавува дека Буфон може да саврши во редовите на Порто.
Икер Касиљас најверојатно ќе ја заврши кариерата после срцевиот удар кој го доживеа и во португалскот гигант сметаат дека Буфон би бил идеална замена за него.
Буфон својата кариера често пати играше против легендарниот голман и двајцата кога зборуваа еден за друг зборуваа со суперлативи и одлично се познаваат.
Сега би можел да го наследи Касиљас, меѓутоа се потецнира дека италијанските клубови и понатаму засега имаат поголема шанса најмногу поради желбата на Буфон да се врати во татковината.