Македонскиот ракометен вицешампион го официјализираше првото засилување за сезоната 2022/2023.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нов голман на битолскиот тим е Урбан Лесјак кој во Битола пристигнува како соиграч на Филип Кузмановски во Хановер.




„Ни причинува особено задоволство да ги информираме нашите приврзаници за уште едно бундеслигашко засилување во нашите редови. РК Еурофарм Пелистер постигна договор со словенечкиот интернационалец Урбан Лесјак. Искусниот 31-годишен голман од следната сезона ќе го брани голот на нашиот клуб, откако веќе го потпиша двегодишниот договор. Лесјак од 2018 година ги брани боите на Хановер, а својата играчка кариера ја започна во Целје Пивоварна Лашко, клуб за кој настапуваше од 2010 до 2018 година.




Дресот на словенечката репрезентација го носел 58 пати, а најголем успех му е освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство во Франција 2017 година.




Официјалното претставување на Лесјак во Битола предвидено е пред почетокот на натпреварувачката сезона 2022/23“, сооштија од Е.Пелистер.
Лесјак во Е.Пелистерци ќе го заземе местото на Секељи на кого му завршува договорот на крајот на тековната сезона.