Дома Фудбал Бундеслигата воведува ВАР апликација за фановите на стадион

Бундеслигата воведува ВАР апликација за фановите на стадион

Бундеслигата планира во 2024 година да направи мала револуција кога станува збор за ВАР и ќе ги израдува фановите.

Имено, гледачите ќе можат да ги следат контроверзните ситуации кои се разгледуваат во ВАР собата, исто како и гледачите на телевизија.

„Стандард треба едноставно да биде посетителите на стадионот и телевизиските гледачи да ги гледаат ситуациите кои се прегледуваат во ВАР собата. Навивачот на трибините треба да биде на исто ниво како и телевизискиот гледач. Се согласуваме дека апликацијата може да биде алатка за гледачите во стадион. Концептуалната фаза за тоа е завршена, сега сме во фаза на планирање и анализираме како имплементацијата може да биде успешна“, објаснија од Германскиот фудбалски сојуз.

Покрај апликацијата, друга можност е спорните ситуации да бидат прикажувани директно на семафорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…