Фудбалерите на Спортинг Лисабон синоќа во пријателски натпревар беа поразени од Валенсија со 2:1.
Спортинг поведе во петата минута со голот на Бас Доста за 1:0, но Валенсија успеа да дојде до пресврт со головите на Кондогбија и Гамеиро и да слави во овој натпревар со 2:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, во центарот на вниманието се најде Бруно Фернандес кој скоро сигурно ова лето ќе го напушти Спортинг. Португалскиот репрезентативец се поврзува со трансфер во Јунајтед и се чини дека се е готово.
Навивачите на Јунајтед се сигурни дека Фернандес синоќа после натпреварот самиот “потврди“ дека заминува од Спортинг откако заплака бидејќи тоа веројатно беше неговиот последен натпревар во дресот на овој клуб.
Фернандес започна да плаче кога тренерот го извади од игра, а емоциите не можеше да ги сокрие ниту на крајот од натпреварот, бегајќи од камерата, но на сите им беше јасно дека дојде крај на соработката со Спортинг.
Bruno Fernandes crying after Sporting’s match this evening. #mufc pic.twitter.com/oANxeTdRwD
— Simply Utd (@SimplyUtd) July 28, 2019