Дома Трансфер зона Брајтон ја „краде“ големата желба на Интер и Јувентус

Брајтон ја „краде“ големата желба на Интер и Јувентус

Италијанскиот репрезентативец, Давиде Фратези блеска оваа сезона во дресот на Сасуоло и е голема желба на Интер и Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фратези се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и ова лето сигурно ќе го напушти Сасуоло.

Сепак, како што стојат работите Фратези кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, во дресот на Брајтон.

Тренерот Де Зерби одлично го познава Италијанецот и го сака во своите редови, а Брајтон е спремен да плати 40 милиони евра.

Интер и Јувентус во моментов не се во можност да ја израмнат таа понуда, па Фратези ќе се пресели во Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…