Џеси Лингард ова лето ќе си замине од Манчестер Јунајтед по истекот на неговиот договор. За Лингард ова ќе биде заминување од „Олд Трафорд“ после цели 20 години, во академијата пристигна кога имаше само девет години.
Вчерашната победа протиб Брентфорд беше последен натпревар за Јунајтед на домашен терен оваа сезона. Лингард во овој натпревар остана на клупата и не доби можност за игра. Таквата ситуација го налути неговиот брат, Луи Скот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„После 20 години крв, пот и солзи, четири домашни трофеи, три голови во куп финалиња немаше ниту збогум…Не ниту чудо што следната сезона ќе играат во Конференциска лига. Таму е од девет фодини, а не доби ниту поздрав. Одлично работа братче, целото твое семејство е гордо на табе“, порача братот на Лингард.
За Лингард интерес покажаа уште неколку клубови од Премиер лигата како Вест Хем, Њукасл и Арсенал, а од Италија Милан се поврзуваше со англискиот напаѓач.