Дома Фудбал Италија Бонучи: Тешко беше да го одбијам Гвардиола!

Бонучи: Тешко беше да го одбијам Гвардиола!

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи беше примарна трансфер цел на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, но сепак трансферот не се реализираше.

„Граѓаните“ во неколку наврати минатото лето се обидоа да го донесат Италијанецот на „Етихад“, па дури понудија и 60 милиони евра, но на крајот Бонучи се одлучи да остане во Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не беше лесно да му се каже не на Манчестер Сити. Кога ќе видите дека најдобриот тренер во светот, Пеп Гвардиола ве цени и има само убави зборови за вас, тешко е да кажете не. На крајот го послушав срцето“, истакна Бонучи.

„Среќен сум што играм за Јувентус, еден од најголемите клубови во Италија и светот, и сакам да триумфирам во Италија и Европа. Дресот на Јуве е како втора кожа за мене“, додаде одличниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ испиша историја: Против Баерн сруши голем рекорд

Реал Мадрид со оглед на играта има задоволувачки резултат во првиот полуфинален натпревар …