Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување на Федерико Киеза од редовите на Јувентус.
Како што објави денеска „Тутоспорт“, Де Роси во Рим го посакува Киеза со кого соработуваше во италијанската репрезентација. Тој беше помошник на тренер на Роберто Манчини на Европското првенство во 2021 година, кое го освоија „аѕурите“, а Киеза беше еден од најдобрите играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Роси пред неколку дена го продолжи договорот со Рома и ќе остане во клубот до крајот на сезоната 2024/2025.
Киеза има договор со Јувентус до јуни 2025 година, раководството на црно-белите ќе разговара со неговиот менаџер за продолжување на соработката, но и ќе ги сослуша сите понуди кои ќе пристигнат за него. Со италијанскиот репрезентативец се поврзуваше и Њукасл.
Киеза зад себе оваа сезона осум гола и две асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања.
Рома игра одличен фудбал од доаѓањето на Де Роси, а вчера го елиминира Милан во четврт-финалето од Лигата на Европа. Во полуфиналето ќе играат против Леверкузен.
Доаѓањето на Киеза и зачувувањето на постоечкиот состав сигурно ќе ја смести Рома меѓу најсериозните кандидати за освојување на Скудетото следната сезона. Последен пат Рома шампион на Италија беше во далечната 2001 година.