Зинедин Зидан би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, пишуваат шпанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Mundo Deportivo“ тврди дека легендарниот француски фудбалер ќе ја заврши сезоната во редовите на „Кралевите“, а од лето на местото на Дидие Дешамп ќе ја превземе селекторската позиција во репрезентацијата на Франција.
„Долго се зборува дека Зидан ќе биде нов селектор и дека ќе биде наследник на Дешамп. Тој има голема поддршка од Федерацијата на Франција, играчите, но и навивачите и постои голема можност токму тој да стане нов селектор“, пишува „Mundo Deportivo“.
Француската јавност се повеќе дава поддршка на Зидан. Исто така од другата страна Дидие Дешамп во моментов е под голем притисок и смеетат дека тој не може да го искористи максималниот потенцијал кој Триколорите го имаат.
Се е поизвесно дека Зидан од следното лето би можел да седне на клупата на Франција, земјата која ја предводеше до титула шампион на Европа (2000.) и светот (2006.).
Како тренер на Реал за кратко време Зидан освои апсолутно сите можни трофеи и работата во репрезентацијата би му донел нови предизвици.