Баерн Минхен најверојатно ова лето ќе остане без Роберт Левандовски, па раководството на баварскиот гигант веќе е впо потрага по негов наследник.
„Билд“ пренесува дека главна мета на Баварците е напаѓачот на Тотенхем и англиската репрезентација Хари Кејн.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Сепак мисијата да го ангажираат нема да биде лесна затоа што Тотенхем сака да ја задржи својата ѕвезда.
„Спарси“ за неговата слобода бараат 150 милиони евра, а Баерн наводно е спремен да понуди 100 милиони за потписот на Хари Кејн.
Како резервна опција се споменува гермнаскиот репрезентативец и член на Челзи, Тимо Вернер.