Антонио Конте сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок и веќе работи на новите засиливања.
Англиските медиуми пренесуваат дека приоритет на Италијанецот во овој преоден рок ќе биде враќањето на Торган Азар на „Стенфорд Бриџ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Средниот брат на Еден Азар пред три години го напушти Челзи и се пресели во редовоте на Борусија Мехенгладбах каде пружа одлични партии. Германски „Билд“ тврди дека Антонио Конте му порачал на раководството да го вратат Белгиецот.
Конте смета дека Торган Азар ќе биде големо засилување на тимот и така ќе ја поправи грешката на клубот од минатото.
Доколку овој трансфер се резлизира тогаш тројцата браќа Азар ќе бидат во Лондон, бидејќи и најмладиот Килијан од неодамна е член на Челзи.