Дома Трансфер зона Билбао доведе Босанец и му постави клазула од 80 милиони евра!

Билбао доведе Босанец и му постави клазула од 80 милиони евра!

Босанскиот напаѓач Кенан Кодро денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на Атлетико Билбао.

Кодро пристигнува од дански Копенхаген, а со клубот од Ла Лига постигна договор до летото 2022 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И ако овој трансфер на фудбалер кој е „анонимец“ за пошироката фудбалска јавност не е некоја вест – вест е неговата откупна клазула! Кодро во договорот ќе има клазула за откуп од дури 80 милиони евра.

Босанецот денес ќе го потпише договор, додека неговото претставување пред навивачите ќе биде утре во 11 часот.

За Копенхаген во првиот дел од сезоната постигна 13 погодоци (осум во првенството и пет во Лигата на Европа).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…